Професор доктор Краја херој меѓу албанските бели мантили

Пензионираниот професор доктор Димитар Краја несомнено е херојот меѓу белите мантили во Албанија. Меѓу првите се јави на повикот да помогне, се разболе од „Ковид-19“ оздрави и повторно се врати да биде во служба на здравјето на пациентите.

Некогашниот шеф на службата за инфективни болести при Институтот за јавно здравје и професор на Медицинскиот факултет, беше меѓу првите кои се јавија на повикот на Министерството за здравство и социјална заштита да помогнат во справувањето со коронавирусот.

Белиот мантил, кој го носеше цели 48 години, познатиот инфектолог, по неколкугодишна пауза, повторно го облече на 20 март и во Инфективната клиника работеше рамо до рамо со младите колеги.

Онака како што го привлече вниманието неговото несебично залагање, исто така беше примена и веста дека и тој се заразил со коронавирус. Но, тој успеа да ја добие битката со опасниот вирус и повторно се врати во клиниката да биде заедно со колегите лекари во оваа војна.

Лично министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу преку Фејсбук ја соопшти веста постирајќи и фотографија.

-Како што вети Проф.Д-р Димитар Краја,се врати во Инфективната клиника, откако ја доби битката со опасниот Ковид-19. Доктор Лули, како што го викаме сите, му подаде рака на неуморниот персонал на клиниката, каде останува непресушен извоз на сила,- напиша Манастирлиу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.