Професорка Снежана Тројачанец е пронајдена мртва

Педесет и две годишната професорка Снежана Тројачанец денеска е пронајдена мртва на местото каде што реката Серава се влева во Вардар.

Од МВР информираа дека се работи на утврдување на  причините за смртта.

Инаку, пред еден час, на социјалните мрежи беа објавени неколку статуси од блиски роднини на Снежана преку кои информираа дека жената била пронајдена почината во Вардар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.