Професорката Јачева Улчар предупредува: Во Софија веќе е договорено да не се употребува терминот „македонски јазик“

Во Софија веќе е договорено да се прифати: сите службени документи кој ќе се пишуваат во иднина да се потпишуваат на „службен јазик на Република Северна Македонија“, а не на македонски јазик, прерудпреди во вторниткот професорката Елка Јачева – Улчар од Институтот за македонски јазик во изјава за Радио Лидер.

Професорката потсети дека во Македонија веќе од пред три години има два службени јазика.

„Ова е последниот удар кој ѝ се задава на Македонија. Прво, се смени името а сега ќе ни се обезимени и јазикот. Моите последни информации од пред половина час се дека во Софија е веќе договорено, да се прифати сите службени документи кои ќе се потпишуваат во иднина „да се потпишуваат на службен јазик на Република Северна Македонија“, рече Елка Јачева – Улчар.

Потстети дека токму јазикот е тој што треба да ги обединува сите Македонци.

„Ова треба да борба на целиот праводољубив и вистинољубив народ. Македонскиот народ не е не на ниедна партија, македонскиот народ е на македонски, а ова практично претставува директен атак на основното национално ткиво“ додадеа професорката.

Истакна дека не е член на ниедна партија, и дека не членува во ВМРО-ДПМНЕ. Лично ги повика лидерите на сите опозициски партии во Македонија, па дури и партиските членови на СДСМ кои не се согласуваат со политиката на Заев да излезат сите на улица.