Професорката Мирјана Најчевска повика на разрешување на министерот Бектеши

За вчерашниот однос на министерот за економија, Крешник Бектеши кон новинарите, се огласи професорката Мирјана Најчевска која на Фејсбук побара негово разрешување од функцијата.

„Ова не е просто вербален напад на новинар/и. Ова е флагрантно кршење на Конвенцијата за правата на човекот, односно правото на информирање. Овој министер треба веднаш да биде разрешен од функцијата. Како што гледате, еднаш неказнето прекршување направено од високи функционери во власта и челници на партии води кон нови и нови прекршувања“, пишува Најчевска.

Бектеши, вчера на прес-конференција, наместо на одговори зошто државата плаќа поскап гас, рече дека новинарите не се тука да коментираат.