Професорката Ванковска на обвинителите од СЈО им порача да ги вратат парите

За нас кои од ПРВИОТ МОМЕНТ ја видовме преварата во ликот на Катица и нејзините поубави половини/третини, кои знаевме дека институцијата е ПРОТИВУСТАВНА, дека прес-конференциите ги користи за маркетиншки цели, дека има повеќе драма и глума одошто правничко знаење и умеење, дека има несоодветни врски со политичари, новинари и активисти, кои знаевме дека лажира за да земе пари за стан во Скопје, кои го видовме непотизмот и клиентелизмот во СЈО –

Информациите за незаконските бонуси и арбитрерно делење пари од астрономскиот буџет и корумпирањето на носители на државни функции е само ПОСЛЕДНАТА КАПКА ШТО ЈА ПРЕПОЛНИ ЧАШАТА!

Попусто спинува Горан Михајловски. Само во нивниот шарен наратив Катица и компанија можеа да бидат херои и avengers! Секој разумен човек одамна проѕре дека станува збор за карикатура и травестија на правдата. Која сега гледаме колку сме ја плаќале од сопствената сиромаштија! Јас се чувствувам ГНЕВНА и ПОНИЖЕНА поради сиромашните, бидејќи ова беше “правда на богатите”, кои на крај си се помирија на масата на заедничкото делење профити.

ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ! Напиша професорката Ванковска на Фејсбук.