Професорот Цуцуловски за случајот Латас-Лазаров: Што со Бертолучи?

Професрот Љубомир Цуцуловски се осврна на Фејсбук на случајот Латас-Лазаров во кој се зборува за првото сексуално искуство.

Спорното интервју со новинарот Драган Павловиќ Латас кај јутјуберот Стефан Лазаров, предизвика лавина од реакции во јавноста.

Видеото беше објавено пред пет дена, но предизвика многу реакции откако на социјалните мрежи се споделуваше делот во кој Павловиќ раскажува за негово прво сексуално искуство како тинејџер.

Скопското обвинителство веќе отвори предмет по скандалозното интервју во кое Латас зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години имале сексуално искуство со девојка во автомобил.

И од МВР потврдија дека секторот за компјутерски криминал презел мерки и денеска испратиле известување до надлежното јавно обвинителство со документиран материјал.

ШТО СО БЕРТОЛУЧИ?

„Скоро извесно станува дека Драган Павловиќ–Латас ќе биде законски гонет заради неговото сеќавање на првото сексуално искуство што го имал. Слушајќи што сè може да следи за она што го кажал, се потсетив на филмот „Последно танго во Париз/Last Tango in Paris““ во режија на Бернардо Бертолучи и на антологиската (скоро натуралистички снимена!) сцена во која Марлон Брандо има анален секс/силување со глумицата Марија Шнајдер, сцена која и денес е, за многумина, скандалозна и непријатна за гледање. Значи ли тоа дека: (а) овој филм ќе биде забранет, а Бертолучи законски гонет, сеедно што е починат и (б) дали некој не воведува, на перфиден начин, цензура во Република Македонија?

П.С. Филмот на Бертолучи е само е д н о дело од многуте други дела кои предизвикуваа, меѓутоа и понатаму педизвикуваат снажни реакции. Односно, филмот не е предмет на овој пост, туку само п о в о д да се размисли за она што денес (50 години после неговото снимање) почнува да се случува на секој план“.