Професорот по меѓународно право Тони Дескоски го оцени како државничко и одговорно поведението на министерката за образование Весна Јаневска која во своја официјална изјава земјава ја именуваше со придавката Северна.
-Таа како министер во владата е должна да го почитува Уставот, а според Уставот државата ни е преименувана во Република Македонија. На сите кои бевме против промената на името ни се гади од сторениот злочин. Историјата ќе им суди на оние кои тоа го изведоа. Но, реалноста е дека имаме ново име и државните функционери се должни да го употребуваат, вели професорот Дескоски во објава на својот фејсбук профил. Државата, а и ние како нејзини граѓани немаме никакво фајде од тоа што државните функционери би пркоселе на Уставот и на Западните сојузници со прекршување на Преспа. Напротив, од пркосењето би трпеле огромна штета, заклучиува професорот.