Професорот Огинар бил малтретиран при полициското приведување (ВИДЕО)

Македонскиот иселеник од Њујорк, професорот Нестор Огинар, синоќа во Скопје бше приведен пред Порта Македонија, каде што држел говор пред група приврзаници.

Во говорoт тој остро ја нападнал Владата за политиките кои ги спроведува, а во говорот бил против НАТО како организација.

По говорот кој го одржал додека траела „Одлучен удар“ пред Порта Македонија, тој е приведен во полициската станица Беко, заедно со мајката на убиеното момче Пино, по што беше ослободен.

Огинар по пуштањето изјави дека при апсењето бил малтретиран, но во полициската станица, инспекторите кон него се однесувале коректно.