Професорот Томовски од ПМФ и член на СДСМ: Затвор за Бучко, а не нова функција

Професорот на Природмо-математичкиот факултет (ПМФ) и долгогодишен член на СДСМ од Аеродорм, Живорад Томовски, бара затвор Владо Бучковски, а не нова функција во СДСМ. Томовски ова го побара преку јавна објава на Фејсбук, додавајќи:„Некои нови дечки си играат држава“.

Владата на вчерашната седница го назначи Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија. Целта, како што велат, е успешно да се затворат отворените прашања со оваа соседна земја.

Фото: Фејсбук