Прогласена вонредна состојба на цела територија на Србија, нови два случаи на коронавирус, вкупно 48

Во Србија во неделата до 18 часот се потврдени уште два случаи на коронавирусот, со што бројот на вкупно заразените достигна 48, соопшти тамошното министерството за здравство, а на јавноста вечерва во обраќање на претседателот на државата Алекасандар Вучиќ ѝ беше соопштена одлуката за воведување вонредна состојба на територијата на целата земја.

„Србија од денеска е во војна против опасниот противник кого мораме да го победиме. Тоа е борбата за нашите родители, за нашите стари, кои направија сѐ што имаме во нашата земја. Денес, во прв ред, тие се нападнати и мораме да сториме сѐ што можеме на тие луѓе да им помогнеме. По недоволната дисциплина и разбирањето на пораките кои ги испраќавме, а на основа на Уставот…, ве известувам дека донесовеме одлука за прогласување вонредна состојба на териротијата на цела Србија“, соопшти претседателот Вучиќ во палатата Србија по средбата на кризниот штаб за сузбивање на заразната болест Covid-19 и кризниот штаб за остранување на настанатите и спречување на можните штетни последици од коронавирусот.

Вучиќ изјави дека од понеделник нема да работата детските градиники, училиштата и факултетите, а дека учениците ќе учат преку телевизија, како и дека веројатно училиштата нема да бидат отворени до крајот на училишната година.

„Утре нема училишта, градинки, факултети, полека преку Заводод за биоциди да ги дезинфикуваме сите простори. Нема тренинзи, спорт, теретани..“, рече Вучиќ.

„Се затвора животот за да го сочуваме животот, на нашите родители, на нашите стари“, истакна српскиот претседател.

Од саботата навечер се тестирани примероци на 15 лица, од кои два биле позитивни, а овие пациенти немаат тешка клиничка слика на болеста и се под надзор во домашни услови.

Од петокот 6-ти март, кога во Србија беше регистриран првиот случај на коронавирусот, до неделата вечерта се тестирани вкупно 283 лица кои покажале симптоми слични на оние кои ги развива коронавирусот или допатувале од загрозените области во светот.

Српската влада од неделата, исто така, ги забрани сите јавни собори во затворен простор со повеќе од 50 лица и ги ограничи цените на основните продукти, запштитната опрема и дезинфекциски средства.

Со новата одлука за забрана на јавните собири во затворените простори е редуциран е бројот од претходната одлика од 100 на 50 жители, соопшти попладнево владата во Белград.

Српската влада им упати препорака на сите граѓани повозрасни од 65 години, како најзагрозена категорија од населението, да го ограничат своето движење и што е можно поретко да излегуваат до домовите, како и да ги следат советите од експерите и да бидат во комуникација со најблиските.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.