Прогласена вонредна состојба во Дечани откако двајца починаа, а околу 900 лица се затруени

Во Дечани, Косово починале две лица, а стотици други се затруени. Се сомнева дека причината е консумирање загадена вода.

Градоначалникот на Дечани, Башким Рамосај, на прес-конференција рече дека се прават максимални обиди за да се откријат причините за труењето.

Како што вели, се сомневаат дека станува збор за намерно сценарио. Во Дечани е прогласена вонредна состојба.

Националниот институт за јавно здравје објави дека од 6 тестирани примероци на водата, во две се пронајдени сомнителни бактерии.

Од друга страна, Обвинителството во Пеќ, информираше дека веќе е отворена истрага за откривање на причините кои довеле до труење на граѓаните, додека

Министерството за здравство ги повика жителите на Дечани да не ја користат водата од „Хидродрин“, сѐ додека не завршат сите потребни анализи и истраги.