Прогнозите за бројот починати во САД намалени на 60.000, пикот на смртните исходи се очекува в недела

Околу 60.000 Американци би можеле да починат во пандемијата на коронавирусот, според еден од моделите за процени кои често ги наведуваат американските фунцкионери а изнесен во средата, и кој предвидува 26-процентно намалување на смртните исходи во САД.

Намалувањето изнесено во моделот изработен од Универзитетот во Вашингтон се совпаѓа со сразмерниот оптимизмот на политичките челници дека бројот на заразените би можел да го достигне плафонот во некои области, иако бројот на починатите во САД во вторникот порасна за дури 1.800 лица, а пријавени се близу 30.000 новозаразени пациенти.

Дури и вака изменетите податоци сугерираат тешки месеци кои ги очекуваат САД, каде што досега се забележани речиси 13.000 починати од новиот тип коронавирусот, до вторникот вечерта, според збирот од официјалните податоци кои ги наведува британската новинска агенција Reuters.

Пандемијата, како и насекаде на планетата, го измени животот на Американците, на кои над 90 отсто им е наредено да остануваат во домовите, а речиси 10 милиони луѓе ги загубиле работните места во последните две седмици поради кризата во индустриите кои ги предизвика пандемијата.

Ширум САД има околу 400.000 потврдени случаи на Covid-19, потенцијално смртоносна респираторна болест предизвикана од новиот тип коронавирус, па болниците се претрупани, што резултира и со недостиг од медицинска опрема и заштитна облека. Забранети се посетите на семејствата на нивните хоспитализирани блиски, па се жалат на осаменост, додека медицинскиот персонал е зафатен со напливот пациенти.

Во Њујорк, жариштето на епидемијата во САД, градоначалникот Бил де Блазио, изјави дека напорите за ублажување како пто е наредбата сите вработени кои не се неопходни да останат дома „конечно почнуваат да покажуваат резултати“, но и предупреди против тоа мерките пребрзо да бидат ублажени.

„Двојно намалување, двојно намалување, бидејќи тоа е конечно некој доказ дека овие стратегии може да дејствуваа. Единствено што за ова знамее дека е непредвидливо и страшно“, рече за CNN де Блазио.

 

Пикот на смртните исходи се очекува в недела

Моделот на Институтот за истражувања и процени при Универзитетот во Вашингтон, е еден од неколкуте извори и слични модели кои ги наведува Белата куќа.

Според сегашните процени на Институтот, до 4-ти август ќе починат повеќе од 60.000 луѓе, што е намалување во однос на речиси 82.000 смртни исходи како последицa на Covid-19, кои беа предвидувани во вторникот. Работната група за борба против коронавирусот претходно проценуваше дека може да умрат 100.000 до 240.000 Американци.

Институтот, исто така, го помести и очекуваниот врв за бројот на починатите во САД за оваа седмица, и проценува дека тогаш на болеста ќе ѝ подлегнат 2.212 луѓе. Проценетиот пик се премести за четири дена, што сугерира дека притисокот врз здравствениот систем во замјата ќе почне да се намалува порано отколку што се очекуваше.

 

Смртните исходи во домашни услови не може да се следат

Њујоршкиот градоначланик Бил де Бласио предупреди дека официјалните бројки на починатите прават превид на луѓето кои починале дома без да бараат помош. Па и со тоа, градот пријави 3.544 смртни случаи и 74.601 случај на заразата. Од нив хоспитализирани се 19.177 лица. На сојузната држава Њујорк отпаѓа повеќе од третината на потврдените случаи на зараза и близу половината од вкупниот број починати.

„Ниту една поединечна мерка за оваа пандемија не е доволна. Ниедна. Поединечна. Ниту една. Потврдените случаи? Искривени со ндедостигот од тестирање. Хоспитализаците? Нѐ изеде огромниот број заболени кои ги испражаме дома, бидејчи нема места за итните случаи. Смртноста? Масовно предвидување поради умирањата дома“, напиша на Twitter Марк Левин, претседател на комисијата за здравство на градскиот совет на Њујорк.

 

Калифорнија ја искористи својата моќ и ги пополни резервите

За разлика од Њујорк каде што се трудат да ја пружат негата, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусон, изјави дека неговата држава направила пробив во резервите, обезбедувајќи договор за 200 милиони медицински маски за лице на месечно ниво, главно од бараниот модел „N95“, како и хируршки маски, работејќи преку конзорциумот на непрофитна организација и државните производители, имајќи го предвид недостигот од заштитна медицинска опрема во сојузните резерви.

„Се натпреварувавме против други држави, против други земји, против соспвената сојузна влада поради PPE… Повеќе не чекаме. Решивме: доста е. Да ја искористиме куповната моќ на државата Калифорнија како национална држава“, рече за телевизиската станица MSNBC во интервјуто емитувано во вторникот ноќта

Њусом рече дека е убеден дека државата ќе има доволно лична заштитна опрема, како и дека би можела да ја извезува во другите сојузни држави во следните неколку седмици.