Програма на мултимедијалниот фестивал „АртАреа #7“

Фестивалот ќе се одржи од 15 до 17 септември во кафе-книжарница Буква и МКЦ.

– Изложба на поштенски разгледници, слајдови и урбанистички планови „Од Варшава до Скопје“ (МКЦ галерија 15-17 септември)

– Изложба на фотографии „Pars-mea“ од Андријана Антова (Буква 15-17 септември)

15.09.2023 (Буква)

19:00 Промоција на „Мина“ од Игор Анѓелков (Или-или, 2023; промотори Ана Мартиноска и Максим Ристески)

20:00 Промоција на „Рудникот“ од Миодраг Мајиќ (Антолог, 2023; промотори Јордан Коцевски и Душко Крстевски)

21:30 Скопје радост ти ќе бидеш – музички радости со Марсо

16.09.2023 (МКЦ)

19:00 Промоција на „Рефлексии“ од Тони Димков (Бегемот, 2023; промотор Атанас Конески)

20:00 Промоција на книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска (Бегемот, 2023; модератор Филип Димевски; учествуваат Кинга Нетман-Мултановска и Павел Вељаноски)

21:30 Џез концерт „Јузефчо трио“ (Филип Букршлиев гитара, Благојче Томевски бас кларинет, Нинослав Спировски тенор саксофон)

17.09.203 (Буква)

19:00 Пинг-понг промоција на стрипот „Скопје за почетници, добро упатени и понављачи бр.3“ од Ѓорѓе Јовановиќ и Иван Шопов (Бегемот, 2023)

20:00 Промоција на „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2023; промотор Петар Андоновски)

21:30 Поетска епизода#7  I Поетите за Скопје (организатор Култура Бета)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.