Програмата за реструктуирање на кипарската економија е на добар пат

Програмата за реструктуирање на кипарската економија е на добар пат, а буџетските резултати се подобри од очекуваното. Сепак ситуацијата во земјата остануваат тешка, истакнаа вчера меѓународните кредитори, цитирани од „АФП“.

„Програмата за Кипар е на добар пат, а макроекономските резултати се подобри од очекуваното“, изјави во соопштението Тројката кредитори, по крајот на третата ревизија на програмата, што беше составена за земјата во замена за доделување на финансиска помош од 10 милијарди евра во март 2013 година.

Во 2013 година БДП на земјата се намали за шест отсто, односно за околу два отсто помалку од предвидувањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.