Програмерите на врвот, а текстилните работници на дното на листата според платите по професии

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на врвот, со највиски примања убедливо се програмерите.

Тие земаат во просек над 72.000 денари, што е раст за 10 отсто во однос на истиот период минатата година. Веднаш зад нив се вработените во фармацијата, каде просекот е над 47.000 денари.

Следни се лицата кои работат во финансиските дејности, телекомуникациите, воздухополовниот транспорт, управувањето со отпад и управувачки дејности.

Најмали се платите во текстилната индустрија. Во секторот  производство на текстил просечната плата е над 22.600 денари, а кај производството на облека над 17.500 денари.