Производителот на „левиските“ се враќа на берзата по три децении

Американскиот производител на фармерките „Levi Strauss & Co“ најави во понеделникот враќање на берзата по повеќе од 30 години, а со повторното излистување на акциите во берзанската котација има намера да собере 587 милиони американски долари.

Во компанијата очекуваат дека на берзата ќе понудат 36,7 милиони акции по цена од 14 до 16 долари. Со тоа пазарната капитализација на „Levi Strauss & Co“ би изнесувала 6,17 милијарди долари.

Компанијата „Levi Strauss & Co“ е основана пред 145 години и е првата во светот којашто креирала фармерки и денеска спаѓа меѓу најголемите светски брендови. Западна во тешкотии поради промена на вкусот на потрошувачите, кои се свртија кон поевтините брендови и спортската облека.

Со уврстувањето на акциите во берзанската котизација ќе им се придружи оваа когдина на компаниите како „Uber Technologies“ и „Lyft“, „Pintwerest“ и „Airbnb“.

Гаранти на иницијалната понуда на акциите (IPO) на „Levi Strauss & Co“ ќе биде група од 12 банки, меѓу кои се и водечките американски „Goldman Sachs“, „JPMorgan“, „BofA Merrill Lynch“ и „Morgan Stanley“.