Производството на нафта на OPEC+ зголемено за само 100.000 барели дневно

Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците на овој картел предводени од Русија познати како OPEC+ одлучи полека да го зголемува производството на нафта за 100.000 барели дневно, што според аналитичарите е „навреда“ за американскиот претседател Џо Бајден по неговата минатомесечна посета на Саудиска Арабија.

Целта на посетата на Бајден на Ријад беше да се убеди најголемиот светски производител Саудиска Арабија и другите челници на OPEC да произведуваат повеќе нафта за со зголемената понуда да им помогнат на САД да се истисне Русија од нафтениот пазара и да се контролира центар на пазарот во обидот да се ограничи цената на руската нафта и приходите кои ги добива Москва.

Објавата за малото зголемување на производството по седмицата исполнета со шпекулации за тоа дали патувањето на Бајден на Блискиот исток и американското одобрување за продажбата на офанзивните проектили Ријад и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе донесе повеќе нафта на пазарите.

Документот на OPEC+ покажа дека групацијата е подготвена да го зголеми производството за 100.000 барели нафта дневно од септември, што неколку извори за Reuters го потврдиле.

„Тоа е толку малку што е безначајно. Од физичко аспект тоа е маргинален испад, а како политички гест тоа е речиси навредливо“, вели за Reuters Раад Алкадири, извршен директор за енергија, клима и одржливост во „ Euroasia Groupe“.

Во OPEC+ претходно го зголемија производството за околу 430.000 до 650.000 барели дневно, иако тешко ги достигнуваа поставените цени, бидејќи повеќето членки веќе го исцрпија својот производствен капацитет.

САД изврши притисок на водечките членки на OPEC, Саудиска Арабија и ОАЕ, да започнат производство на повеќе нафта, за да помогнат во зауздувањето на цените поттикнати од закрепнувањето на побарувачката по завршувањето на кризата од пандемијата на коронавирусот и војната во Украина.

Од друга страна, и санкциите на САД и нивните сојузници против Русија поради украинската војна, исто така, цените на сите видови енергија, што резултираше со највисоката инфлација по речиси половина век и зголемува на каматните стапки на националните централни банки.

Саудискиот престолонаследен принц Мохамед бин Салман, откако веднаш по разговорите во Ријад со американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со рускиот челник Владимир Путин, отпатува во Франција минатиот месец што се толкуваше како негов напор повторно да ги изгради врски со Западот.

САД, пак, во вторникот одобри продажба на одбранбени проектили за Саудиска Арабија и ОАЕ, во вредност од 5,3 милијарди долари, но допрва треба да ја повлече својата забрана на продажбата на офанзивните оружја за Ријад.

OPEC одби да мине на зголемувањето на производството, имајќи предвид дека извори го наведоа недостигот од слободните капацитети меѓу членките за додавање на повеќе барели, како и потребата од натамошна соработка со Русија како дел од поголемата групација OPEC+.

До септември OPEC+ би требало да ги укине сите рекордни намалувања на производството која ја спроведе во 2020 година откако пандемијата ја намали побарувачката. До јуни, меѓутоа, OPEC+ беше речиси три милиони барели дневно под своите квоти, бидејќи санкциите за некои членки, како Венецуела и Иран, како и ниските вложувања и проблеми на другите членки ќе ја намалат неговата способност за зголемување на производството.

Сепак, на Западот веруваат дека Саудиска Арабија и ОАЕ имаат малку слободни капацитети за зголемување на производство.