Прокисна покривот на градоначалникот на Шуто Оризари

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш од СДСМ, распространи фотографии од неговиот поплавен кабинет и се пожалил дека му прокислан покривот. Како што вели тој, канцеларијата постојано е во ваква состојба кога врне дожд.

Додал дека општината е под ризик од избивање на поголем проблем поради протекување на вода директно во струјната инсталација.