Прокиснува модуларната болница во Скопје, местата на кои пациентите бараат спас станаа хорор

Модуларната болница пред Инфективната клиника е под клуч. Или модуларната во Скопје прокиснува. На почетокот на септември модуларната болница во Тетово изгоре, изгореа и 14 лица кои таму требаше да бидат излечени. Но, за ова одговорност сè уште нема иако изминува и вториот месец, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто прокисунува и модуларната во Скопје во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, исто не се знае, ниту се најавува дека ќе се расчисти, односно истражи. Местата на кои пациентите бараа или бараат спас станаа хорор. Бројката на починати од корона е речиси 7.000 луѓе. Но, министерот за здравство Венко Филипче наместо да се го работи тоа за што е платен од граѓаните, тој си тераше или сè уште тера кампања. На Филипче воопшто не му е гајле за граѓаните и за случувањата во здравството, мува не го лази. Ова однесување ќе биде казнето“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.