Пролет и Е.Пелистер без проблеми, Алкалоид е чекор поблиску до завршниот турнир во Купот

Екипите на Пролет и Еурофарм Пелистер први обезбедија место на завршниот турнир на македонскиот ракометен Куп, откако денеска не дозволија изненадувања на дуелите на кои беа големи фаворити.  На еден чекор до ваков резултат се и Вардар и Алкалоид.

Пролет прв го завери пласманот во следната фаза со триумфот над вториот тим на Еурофарм Пелистер со 30:26, а потоа и првиот тим на Пелистер очекувано без проблеми го совлада Тиквеш.Битолчани славеа со 36:30 и повторно ќе имаат можност да се борат за престижниот трофеј на завршниот турнир.

Драматичеn финиш одиграа Алкалоид и Бутел, а со гол во последните секунди на Серафимов, новиот суперлигаш славеше со 25:24 и во финалето денес на својата група ќе се бори за пласман на завршниот куп турнир.

Противник на Алкалоид ќе му биде Вардар Неготино, додека шампионот Вардар 1961 ќе биде голем фаворит против Скопје во својата група.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.