Пролетните средби на ММФ и Светска банка ќе се одржат виртуелно поради коронавирусот

Пролетните средби на ММФ и Светската банка, кои редовно се одржуваат во Вашингтон, поради коронавирусот ќе бидат спроведени во виртуелен формат, соопштија Кристалина Георгиева, директор на ММФ, и Дејвид Малпас, претседател на СБ.

Средбите годинава требаше да се одржат од 13 до 19 април.

– Вознемирени сме од ситуацијата со ширењето на коронавирусот. Со оглед на ризиците по здравјето на учесниците, раководствата на ММФ и Светската банка, и бордовите на директори, договорија заеднички план за промена на форматот на пролетните средби на ММФ и Светска банка во виртуелен формат, се наведува во објавениот документ.

Поради епидемијата на коронавирус беа откажани низа настани во повеќе земји во светот. Така на пример, се размислува и за откажување на Летните олимписките игри 2020 година во Токио.