Промашувања

942

Деновиве сме сведоци дека се зајакна анти-владиниот наратив, почувствуваа ремет во нивните редови па чопорот се разлаа и почна да делува поопасно. Кои се џукелите? Па ние. Ние кои глумиме стручњаци, аналитичари а секој, скоро секој е само и со исклучиво партиска агенда завиткана во обланда на патриотизам, еуграции, натопенетрации, со антинаци киретажа.

 

Геро и 40 разбојници

Џеронимо извади на виделина сегмент кој (скоро) сите овие ваши анал-итичари  го знаеја но ќутеа, зборам, пред сѐ, опозициските. Знаат они добро за кого пишува Џеро. Има тука два момента, или им е кажано да ќутат па да сеизмолошките бранови си го направат своето и да бидат легитимни јоште појче оти ако се умеша опозиција ќе биде дампирано преку ноќ. Борбата против една власт е најсилна кога тременсот почнува од самиот организам. Зошто? Појма немам, можеби капиларите не донесуваат свежа крв полна со јуес–оксижен, или мејби има туморче во развој. Небитно. Битно е дека и на едните и на другите треба да се отераат во Вагинални монолози затоа што очигледно е дека ако и некој се дрзнал да отвори афера за рекет, токму тие кои пиштеа за правда – најмногу ќутат. Страв, реперкусии или калкулиран ефект во сопствена полза? Она што Џеро го прави не треба да се прашува некој зошто, и зошто сега. Геро, за жал, ќе мора сам да ја продолжи оваа битка затоа што во овој миг е најлегитимен и небитно е од кои причини го прави, како што обично се дебатира. Кога имаш борба со непријател, на истурените кои јуришаат не им се гледа диплома и ‘минули рад’, туку делата кои ги прават во мигот. Ма секако дека нема да биде осамен затоа што, за жал, прво ќе се обидат токму корумпираните да му се налепат, како темна сенка, демек поддршка, а во суштина надеж бенефит.

Butterfly effect

Но колку ова нe ја засега јавноста иако по мене ова е толку многу значајно, дури и ако и делумно се реши, а некако ми се заќутеа („Заборави – ако можеш“ и „Успаванка за Радмилу М“, ја вртат со скречување), изгледа дека раженот во Мрзенци се врти. Домино ефектот може да биде уште поголем, да не речам ‘Ефект на пеперутката’ – но ќе треба некоја од жртвите и сама да „пропее”. И во прошлото писание ви пишав за Трифке кој јавно кажа кој и како го рекетирал, ама заради заслуги за партиски народ и суруш, космонаутот јава на ракета и даље, целта ги оправдува средствата. Жртвите толку многу пари имаат дадено, да перверзно сега на тоа гледаат како на сопствен влог и сумите се толку вртоглаво големи што имам некоја извитоперена претстава дека утре ако се случи да „пропее” некој, или Џеронимо налета на некое „длабоко грло”, нема да се с’снат на крвникот кој органи им извади. Не, се плашам дека доаѓа на повидок е невиден Стокхолмски синдром. Мислам дека дотаму е што има да ги видиме на парадата фатени за раце. Нејсе.

Да се ретро-обачам на тоа дали и колку јавноста е заинтересирана за сево ова. ЈОКТУР, ич, зилч, биг бапка, зиро, нула, ама мува не ги лази, уво не им чуе. Ако утре се спомене конкретно на некоe „меагало номе”, контра-таборот на џојстик/партиските дронови/ ќе пиштат, народ  – не! За жал, велам, мене ова и лично и професионално ме тангира, но најмногу принципиелно, затоа што секогаш сум мразел насилство, булинг, изнуда и криминал.

Неколку дена, како зајакнуваат аферите во политиката кај нас, шарените анални дронови во немањето аргументи повторно се вратија на „јанкосвињадебела”, „куропушалнавласта” и слични излитени, хормонално-кликатерични „инамногуфина” флоскули кои им носат лајкови. Сето ова зачинето со многу одобрувања  и констатации дека сум никој и ништо и никој не ме гледа. (Иако се прашувам ако сум никој и сум дно со години, не знам зошто со мене се занимавате, ма знам, ама ете, ми иде фино со пуканките). Нејсе. Еве зошчо се самопеплосувам….

Рејтинзи – мејтинзи

Ко за беља на „рекетферава”, започнува летен период и сѐ помалку има јавувања, луѓето се по риба, море, реки, ниви, езера и ептен сѐ помалку се пред телевизор, не дека не се, ама репетитивноста станува тривијална, па дури и најгорливите политички теми се со зевање проследени. Неколку дена отворам тема ‘Годишнина од Преспанскиот’, ‘Метла’, ‘Датум за преговори’, ‘Гоце’, ‘Името’ … и штамааа… штурци … нема јавувања. Океј си викам, тоа е тоа. И вчера, се јавува еден гледач и вели – „До кога ќе се изживуваат бесните возачи и нема да бидат казнувани!!!”

Катарза!

Чернобил, Бикини Атол, Тзар Бомба … 120 минути преку стотици пропуштени телефонски повици, стотици пораки, безброј пропуштени повици на мојот личен број на мобилниот!!! Секако два-триесет успеаја да добијат простор и едноставно со огромен жар говореа за сообраќајната полиција, закони, дивеење по улиците, опасност, немање систем за надзор, како треба, што треба … одвај ја затворивме емисијата, а и по неа ѕвонеа телефоните. Вечерта во ниедно време куп повици добив на самата реприза. Револтот е огромен! Нефункционирање на законот, чувството на загрозеност е она што ги мачи луѓето. Докторираа на тема Гоце Делчев, Име, ЕУ, НАТО, ВМРО, СДСМ … луѓево си имаат реални, дневни проблеми кои не им се решаваат и тоа ги вознемирува и разгневува. Ова е мојот заклучок, ова треба да се клучните елементи на политичка борба, па сега видете што и како треба да правите за да имате ефект, народот сериозно врие, ама не за она што политичарите мислат. Непочитување на законите – тука се главните тагови.

 

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.