Промена на боја на прстите на нозете нов симптом на Ковид-19

Лекарите во САД открија дека ште еден симптом кај заболените од Ковид-19, што се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете.

Прстите на нозете на заболените од новиот коронавирус се црвени и изгледаат како по изложување на студ.

Последен објавен симптом беше згрутчување на крвта,  што може да предизвика мозочен удар.

Неодамна лекарите и пациентите открија и нов симптом, што го опишуваат како трпки по телото, што е знак дека телото во завршна фаза се бори со вирусот.

Останатите вообичаени симптоми вклучуваат треска, болки, тешко дишење, замор, сува кашлица, дијареја, а од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми.

Евидентирани се и невролошки симптоми, вртоглавица и главоболка, атаксија што се опишува како недостаток на координација на движење, односно одење или кревање предмети.

Атаксијата може да влијае на говорот, голтањето и движење на очите.

Ширум светот заразени со Ковид-19 се повеќе од 2,7милиони луѓе, излекувани се околу 750.000 луѓе, а починати се над 190.000 луѓе.