Промената на името и „величењата“ кон Заев – белег на стартот на кампањата

    78

    Договорот од Преспа со којшто се промени името на државата, евроатлантските интеграции очекувано се најдоа во фокусот на говорите на кандидатите на претседател кои вчера ја стартуваа предизборната кампања.

    Кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова од Охрид порача дека прашањето за името на државата не е затворено и најави нови уставни промени.

    „Не велам дека ако ме изберете веднаш ќе го сменам името, тоа е невозможно. Но, сигурна сум дека ова име ниту има корен, ниту може да има иднина, секоја генерација има право на сој устав, така ги учам студентите… Ќе дојде одговорен парламент, што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува кон најважните прашања, ќе дојде на нов состав на Уставен суд што ќе го брани Уставот со знаење ама и со морал. Тогаш ние еден ден со една уставна промена важна ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост“, порача Силјановска Давкова говорејќи пред насобраните охриѓани синоќа.

    Неколкудневниот престојот во Охрид кандидатката на опозицијата го заокружи со еден несекојдневен настан „Јога со Гога“ на брегот на езерото.

    За кандидатот на власта, Стево Пендаровски гласањето на 21-ви април и петти мај ќе биде референдум за политичките на актуелната власта.

    „На 21 април и на 5 мај ќе биде своевиден референдум на се она што направи оваа политичка структура која направи историски исчекор да ја позиционира Македонија на европската мапа. И затоа, нема да гласате за Стево Пендаровски, туку ќе гласате за оваа политика која ја извади Македонија од дното, рече Пендаровски.

    Блерим Река, кандидат на Алијанса за Албанците и Двиежњето БЕСА го побара гласот за мултиетничка и европска Република.

    „Со вашиот глас докажете дека не сме анонимни 20 отсто. Докажете дека вие не сте само гласачи, туку и гласани. Затоа, Албанецот и не можеше да биде избран за претседател. Ова ќе се промени на 21 април, кога вие ќе го изберете претседателот. Од вас зависи дали сте за Албанец за претседател на Републиката. Вие сте суверенот што одлучува дали вашиот глас ќе ја направи Северна Македонија мултиетничка и евроатланска Република“, рече Река на синоќешната конвенција во Скопје.

    Величењата за Заев го украдоа шоуто на Пендаровски

    По драматичниот говор на девојката во Куманово, величењата и глорификацијата на ликот и делото на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев продолжија синоќа во Прилеп. Овој пат една девојка, поддржувач на Заев и СДСМ, одржа говори во кои низ емотивен говор во којшто зборуваше за тоа колку е возбудена што може да биде во близина на еден премиер.

    Откако вакви говори се случуваат веќе во низа во временски интервал од само недела дена во јавноста се отвори дилемата колку се искрени и случајни вакви напливи на емоции во присуство на Заев.

    Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.