„Промени Проекти Победи“’ е слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите, власта нема капацитет за фер избори

63

На претстојните локални избори на 17-ти октомври, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи под изборниот слоган „Промени Проекти Победи“ во очекување потврда на истражувањата на јавното мнение објавени изминатиот периот и победа во најголемиот број општини.

Лидерот Христијан Мицкоски очекува дека ВМРО-ДПМНЕ, во најмала рака, ќе ги повтори избнорните резултати на општинско ниво од претседателските и од последните парламентарни избори, на коишто партијата победи во 39 општини и во Градот Скопје.

Меѓународната заедница нема доверба во власта и нејзините намери и капацитети да спроведе фер и демократски избори, за што многу јасен показател е фактот дека првпат на локални избори во Македонија ќе има 300 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР, смета Мицкоски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.