Промените на Уставот ќе се финализираат  во јануари

Парламентот во петокот ја почна постпаката за уставни измени за промена на името во согласност со Договорот од Преспа.

По ова следуваат уште неколку фази и гласања на пратениците, а целата процедура треба да заврши во втората половина на јануари.

Во следните денови власта и опозицијата преку Собранието ќе почнат да работат на текстот на нацрт амандманите. Според премиерот Зоран Заев, нема пречки во нив да бидат вградени и барањата на групата опозициски пратеници кои гласаа „За“.

И вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска посакува пратениците да постигнат консензус за уставните измени. Не сака да прејудицира колку амандмани ќе има и што точно ќе содржат.

Министерката вели дека ова е вистинскиот момент да се порази поделеноста на државата и да прекинат политичките поделби и конфликти.