Промените во Ф1 продолжуваат заради коронавирусот

Трката во Холандија во Формула 1 ќе биде одложена на неодредено време, а Шпанското Гран-при ќе биде откажано заради коронавирусот.

Гран при на Холандија беше закажано за 1-3 мај 2020 година за прв пат по 35-годишна пауза. Големата награда на Барселона требаше да се одржи на 8-10 мај.

Според информациите, календарот ќе биде згуснат во јуни-јули годинава, а финалето на сезоната во Абу Даби ќе се одржи на 13 декември.