Променливо облачно и многу посвежо

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималните темпертури утрово се движат од 8 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината се очекува променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северн ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 24 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.