Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а ќе има услови процесите да бидат и поинтензивни. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.