Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

Времето  во Македонија ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. На места можно е процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме.

Температурата ќе се движи од 18 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер.

Температурата ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот, во јужните и планински делови се уште ќе има услови за локална појава на краткотран дожд и ретки грмежи.