Променливо облачно и студено со засилен ветер

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималните температури од минус 8 до 1 степен, а максималните од 1 до 7 степени, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје променливо облачно време, со минимална температура од минус 2 степена, а максимална до 3.

УХМР за утре најавува сончево време со мала облачност, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури од минус 10 до минус 3 степени, а максималните од 0 до 8 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.