Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Времето во понеделникот во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната утринска температура се движи во интервал од шест до 12, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 25 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје и околината денеска  претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 21 Целзиусов степен.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.