Променливо облачно и свежо со врнежи

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 16 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.