Променливо облачно, локално со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија во саботата ќе биде променливо облачно, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час). Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места.

Утринската температура се движи од 0 до 6, а дневната од 9 до 17 Целзиусов степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, од претпладне со повремен дожд кој до крајот на денот ќе престане. Утринската температура се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и ќе биде постудено преку денот со услови за слаб дожд во југозападните делови.

Дневните температури од понеделник благо ќе се покачуваат, а утринските ќе се задржат во интервал од најчесто неколку степени под нулата во повеќето места, па се до 3 до 4 степени на југоистокот.

Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.