Променливо облачно, на места со снег

Времето во понеделникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, а на места во утринските часови на места провејува снег.

Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Уринските температури се движат во интервалот од минус 5 степени во повисоките места до 3 степени на југот, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 1 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.