Променливо облачно, наместа со пороен дожд

Времето во Македонија во недела биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 29 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и засилување на ветерот. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 30 степени.

Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.