Променливо облачно со дожд, попладне на некои места и снег

Променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег.

На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд кој понекаде ќе поминува во снег.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.