Променливо облачно со локални врнежи од дожд, во делови од Македонија и силен ветер

Времето утрово ќе биде посвежо, преку денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен односно над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.