Променливо облачно со магла и локален дожд во јужните делови

Времето ќе биде променливо облачно. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во јужните подрачја ќе има повремен локален дожд, кој во текот на ноќта ќе се прошири и во западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 12 степени, а дневната од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со утринска температура до 7 степени, а дневна температура до 13 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.