
Утрово е со слаб локален снег претежно на североистокот од земјата, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринските температури се движат од минус 2 до 4 степни, додека максималните дневни ќе бидат во респонот од 1 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со слаб до умерен ветер од северозападен правец и со максимална температура до 9 Целзиусови степени.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.