Променливо облачно со слаб североисточен ветер

Во утринските часови во четвртокот ширум Македонија е променливо облачно, а преку денот се очекува сончево време со мала облачност и со слаб претежно североистеочен ветер.

Минималната температура се движи утрово во интервалот од минус 2 до плус 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината утрово е променливо облачно, додека во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 Целзиусови степени.

И во петок ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Под влијание на продор на студена воздушна маса во петок кон крајот на денот и во сабота ќе дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми, па во сабота дневната температура осетно ќе се намали, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег.

Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури