Променливо облачно со сончеви периоди, повремен дожд

Во Македонија во вторникот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.

Утринските температури се движат меѓу 15 и 23, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 27 и 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 36 степени.