Променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови попладне со повремен дожд

Времето во петокто во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од минус 2 до 3, а дневната од 7 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде облачно со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се спушти до нула, а дневната ќе достигне 9 Целзиусови степени.

За време на викендот под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.