Променливо облачно, со температури до 11 степени, снег од четврток

Времето во средата во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж повардарието ќе засилува.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од -3 до 2, а максималната дневна ќе достигне од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд кој понекаде ќе поминува во снег.

Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 Целзиусови степени
.
Поради продор на студена воздушна маса од север денеска попладне и во четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег и позастапени ќе бидат во западните делови каде ќе се создаде тенка снежна покривка понекаде и на пониските места.

Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец поизразен утре и потоа во петок и сабота