Променливо облачно со умерен ветер

Времето во Македонија во четвртокот ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен долж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Утринската температур  се движи од 1 до 7 степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени.

Слично време се очекува и во Скопје и околината каде максималната дневна температура ќе достигне 13 степени.

Утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.