Променливо облачно со засилен северен ветер

Времето во Македонија во петокот ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд.

Утринската температура  се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.