Променливо облачно со значаен пад на температурите

Подрачјето на Македонија од изминатата ноќ падна под влијание на влажна и постудена воздушна маса која продира од север, со што ќе настапи позначителна промена на времето. Во неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремени утрински врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер (наместа над 70км/ч.)

Максималните дневни температури ќе се движат од 15 степени на повисоките места на западот на земјата, до 27 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 22 степени.