Променливо облачно со значителен пад на температурата

Од неделата Македонија ќе биде зафатена од влијанието на северно воздушно струење кое носи значителен пад на температурата, а денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со засилен ветер од северен правец. Наместа, особено на планините, ќе провејува слаб снег.

Утринските температури се движат од минуст 12 до 0 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу минус и 3 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно и многу студено, во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе се движи околу нулата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.