Променливо облачно, температурите над 10 степени

Во текот на денот во утринските часови, главно во котлините, има  појава на магла, а во втората половина од денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температура се движат околу нулата во планинските предели до 9 степени на југот, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со слаб југоисточен ветер, а максималната темература ќе достигне до 12-от степен.