Променливо облачно време со услови за дожд и грмежи

Во Македонија времето денеска ќе биде облачно и променливо, а во попладневните часови можни се поројни дождови и грмежи, особено во источниот дел на земјата.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје слично време, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи и слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во понеделник во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер.

Во претпладневните часови во вторник ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Поголемо спуштање на температурата ќе се почувствува во вторник за околу седум до осум степени, а особено посвежо ќе биде во среда кога температурата ќе се спушти до пет степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.